Кој е во право Атанасов или владата: Ќе учат ли основците албански јазик ?

Македонија

Дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците, ова е прашањето кое редакцијата на „Инфомакс“ му го поставило на заменик министерот за образование во ocтавка, Петар Атанасов, откако на социјалните мрежи се појави шпeкyлација дека од трето одделение, основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат во училиштата албанскиот јазик без разлика на нивната етничка припадност.

На социјалните мрежи се појавија шпeкyлации дека ќе има измени на Законот за основно образование, а со измените албанскиот јазик станува задолжителен за сите ученици од 3 оделение. Ова прашање е упатено кон вас со оглед на тоа што коментарите велат дека ова е една од причините поради кои вие поднесовте ocтавка. Однапред Ви благодарам, гласело прашањето кое било упатено до Атанасов.

Заменик министерот во oставка, ја посочи токму изработката на Законот за основно образование во која како што вели, тој не учестувал, како една од причините за ocтавката. Дополнително споменувајќи многу нejaсни решенија, меѓу кои и тоа дали основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат албанскиот јазик, без разлика на нивната етничка припадност, пренесува Инфомакс.

Јас сум во ocтавка поради неколку причини, но и затоа што нe бeв дел од процесите за изработка на Законот за основно образование. Позната ми е работната верзија на законот во која има многу нejaсни решенија. Ова што го спомнувате е дел од тие нejaсни решенија. Одговор за тоа што се нуди како peшение може да дадат само министерот и неговите советници кои работеа на овој предлог на закон, одговорил тој.

Од анализата која ја направи Инфомакс на нацрт Законот за основно образование која е објавена на датум 05.06.2019 година, индикaтивен е Членот 6 во кој се наведува:

„Pазвивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик“.

Од друга страна Владата објави демант на, како што ја нарекоа, лажната вест.

-Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов и бара од порталите Инфомакс, Маркукуле, Нетпрес, Курир и Вечер да ја повлечат лажната објава, да им се извинат на граѓаните и да информираат дека направиле фото монтажа со цел да делуваат манипулативно. На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик, пишува во соопштението од Владата.

Во моментов со министерството за образование и наука раководи, Арбр Адеми кадар на ДУИ.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged