Криминалот и насилството станаа симбол на оваа разуздана банда на власт, Македонија со СДСМ е небезбедна држава

Македонија

Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим. Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието  во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин. Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат  безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се  однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните. Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер? Недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека таквото однесување на Заев ниту е  демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.

-Повеќе од  јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар,  Марјанче Стојановски кој се закануваше на  граѓани дека ги прислушкува и следи, како и  заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи. Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари. Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив  од страна на нивните пулени и функционери. Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт. Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се  животите на граѓаните. Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се  ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине, а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged