Заврши четвртото издание на „Охридски поетски бисер“

Култура

IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ се одржа на 29 јуни (сабота) 2019 година во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј.

Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет.

Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.

На манифестацијата беа доделени следните награди:

1 место најубава песна – „Загубена“ од Јован Миноски

2 место „Фенерот на татко ми“ од Гордана Бохулски-Кароловска

3 место „Само ние не знаеме“ од Блажо П. Стојаноски

Најдобар млад автор – Ана Томоска и Исидора Костовска

Најдобар странски автор – Татјана Томиќ

Најдобра интерпретација на песна – Мери Арсовска со „Молитва“

Награда за животно дело – Анастас Ќушкоски

Покрај доделените награди на добитниците, за победникот (прва награда) е обезбеден викенд за двајца во „Апартмани Ристак“ – Охрид.

За сите учесници и гости организаторот обезбеди коктел со закуска во манастирскиот комплекс.

Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.

Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged