За прв пат алтернативно културно лето во Охрид

Култура

Во организација на НАТГ „Аматер“ и Супер радио, ова лето за прв пат се организира алтернативно културно лето во Охрид, со идеја за подигнување на културата во летниот период, кога градот е најпосетен.

Гостите од земјата и странство, но и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна програма, но и да видат какви млади и креативни луѓе има во овој град. Целата идеја дојде од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да има што повеќе интеракција со туристите кои престојуваат во јули и август во Охрид, затоа и овој проект го нарековме „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“.

Подготвена е разновидна и богата програма, во која се вклучуваат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн.

Секоја недела имаме подготвено барем по еден настан, почнувајќи од недела, 07.07.2019 година, кога е и свеченото отворање на манифестацијата.

НАТГ „Аматер“ зад себе веќе ги има претставите: „Сите мои синови“, „Генетика на кучињата“, „Буре барут“, „Ти во седум бои“, седум години со ред учествуваат на Поетската ноќ во Велестово и други перформанси. Тука се и учества на фестивали и награди на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани. Супер радио зад себе има полни 27. години успешна работа и веќе 9 години е најпопуларната локална радио станица во државата.

Програма

Недела, 07. јули 2019 Свечено отворање од 20:00 часот
локација: Кафе бар Шила

  • „Имам нешто да ти кажам“ Поетска вечер
  • Акустична свирка со „Кукузел“, „Броз“ и „High4“

Недела, 14. јули 2019 година, 22:00ч

  • Tоме Илиев Sextet live @Jazz Inn Ohrid (Off програма)

Вторник, 16. јули 2019 година
локација: кафе бар „Кадмо“, старт 20:00 часот

  • Промоција на песнарка „Музички Бисерник – староградски песни“ и Jam Session во чест на Андреј Лаброски (Off програма)

Четврток, 18. јули 2019 од 19:00 часот
локација: канал „Студенчишта“, патека, „Билјанини извори“

  • Перформанс на волонтерите од Црвен Крст за ПХВ Програмата
  • Работилница за танц со Студиото за танц „Соната“
  • Magic Night, трикови со карти со Филип Огњан
  • изложба со фотографии
  • Dance off забава

Сабота 20. јули 2019 година

  • Sunset Coctails со коктел мајстори и DJ забава (Островче – мало пристаниште) од 20:00 часот

Недела 21. Јули 2019 година

  • Отворање на Summer Comedy Marathon @Jazz Inn со ИМПРОВОКАЦИЈА (Off програма)
    старт 21:00ч

Петок 26. јули 2019 година

  • Работилница за театар (ОСУ Св. Климент Охридски, Гимназија) 10:00 часот
  • Размена книга за книга (плато пред Градска библиотека) од 19:00 часот
  • Поетска вечер во Кафе бар Шила „Имам нешто да ти кажам“ од 20:00 часот

Недела 28. јули 2019 година

  • Работилница на македонски ора за странци пред НУЦК „Григор Прличев“ 20:00 часот
  • Свирка „Кукузел“ на Градски базен од 21:30 часот

Недела 04. август 2019 година

  • Спортски забавен ден „Игри без граници“ локација Љубаништа 10:00 – 20:00 часот

Вторник 06. август 2019 година

  • Free Spirit day – Ден на скејтери, блејдери, бајкери, денска забава со DJ, аматерски натпревар Одбојка – локација Скејт парк од 18:00 часот

Среда 10. Август 2019 година

  • Затворање на Summer Comedy Marathon @Јаzz Inn Grand Finale (Off програма)
    старт 21:00 часот

Четврток 11. август 2019 година
локација: „Сараиште“/„Зона“

  • Цртање на зададена тема и изложба на делата 18:00 – 19:30 часот
  • Перформанс 20:00 часот
  • Жива свирка 21:00 часот

Петок 23. август 2019 година
локација предворје црква „Св. Софија“

  • Промоција на албум Мартин Милески 21:00 часот

Сабота 24-ти до вторник 27-ми август 2019 година „ФЕСТИВАЛ ВО ФЕСТИВАЛ“
Изведби на аматерските претстави кои се изведувале во текот на 2019та година, со старт од 21:00 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“

Среда, 31. август 2019 година
Свечено затворање сцена плоштад до ТЦ „Амам“ од 19:00 часот

  • Перформанс и најдоброто од „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“.

Уште и:

  • Изложба на Стефан Жупан на тема „Архитектура Охрид“
  • Изложба со Александар Илиевски
    *Еко акции
    *Free walking tours
    *Забави
Please follow and like us:
Tagged