(ФОТО) Страотна слика по невремето во Охрид: Смачкани приколки, откорнати дрва, превртени маси и шатори во автокампот Љубаништа

Охрид

Невремето кое беше проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје.

Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, а ветрот корнел гранки и дрвја.

За среќа нема повредени во бесното невреме.

На социјалните мрежи беа објавени и фотографии по невремето на кои се гледаат смачкани приколки, откорнати дрва и превртени маси и шатори.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.

ФОТО:ФЕЈСБУК

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged