Законот за Охрид не е тој што беше презентиран во Баку, внесен е Бадинтер- реагираше и Милчин

Охрид

Од иницијативата „Фронт 21/42″ реагираа дека во предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, се додавани членови за кои не било дискутирано во формирањето на предлог-законот, кој беше презентиран од владината делегација во Баку.

Велат дека се изиграни со тоа што на предлог- законот му се додавани работи за кои воопшто не станувало збор, како што е вметнувањето нови членови во Советот и вметнување член од Министерството за политички систем кој е под раководство на ДУИ и вклучување одредба за гласање со Бадинтер.

„Целта на новиот закон беше да се деполитизира управувачкото тело, а неговата структура да стане стручна. Токму затоа баравме и беа вметнати критериуми за стручност и за експертиза за членовите. Ваков предлог за член од министерството за политички систем никогаш не бил разгледуван од страна на работата група која работеше на законот, ниту пак доставен како коментар во периодот на консултациите. Членот од министерството за политички систем е додаден без знаење на „Фронт 21/42“ и без дискусија ниту со работната група ниту со јавноста. Министерството за политички систем нема никаква улога ниту надлежност во управување и заштитата на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, велат од „Фронт 21/42“ и додаваат:

„Одредбите за носење одлуки со Бадентер се буквално призалепени на веќе постоечки одредби и очигледно е нестручното додавање на истите. Оправданост за ваквите интервенции нема. Целта е одлуките да се носат стручно и независно, а членовите на советот да одговараат за секоја донесена одлука и изнесен став. За овие сите овие измени прв пат дознавме по објавување на законот од страна на Собранието“, посочуваат од невладината. Верзијата која е испратена во Собрание не е иста со верзијата која Владата ја испрати на мислење до УНЕСКО и ја презентираше во Баку како главно достигнување на „прогресот“ во исполнувањето на препораките. И покрај сето ова Комисијата не дозволи да присуствуваме ниту како јавност ниту како членови на работата група која го учествуваше во подготовка на нацрт законот“.

За ова, реагираше и поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената револуција.

-Има ли крај на лагите на актуелнава власт?, прашува Милчин.

Извор: Курир

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged