(ФОТО) Џабе дебати и трибини, кога во стариот дел на градот владее сообраќаен хаос

Охрид

Непрописно паркирани возила, блокиран пат кон црквата „Св. Јован Канео“. Ваква е сликата во стариот дел на Охрид.

На ваквата состојба реагираат граѓаните кои живеат во овој дел на градот. Велат дека ова што се случува во стариот дел наликува на сообраќајна анархија. Бараат од надлежните институции да излезат на терен и во најбрзо време да го решат проблемот. Додаваат дека ова лошо влијае и на имиџот на Охрид.

Инаку пред два дена во Општина Охрид се одржа трибина за режимот на сообраќај во стариот дел на градот, но очигледно се е џабе кога истиот на терен не функционира.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged