(ФОТО) Охрид доби ново модерно катче за уживање – Започна со работа „ИТ кафе“

Охрид

„ИТ кафе“ сигурно најубавиот локал во Охрид, и еден од најубавите во Македонија денеска започна со работа.

-Од денес охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во “ИТ кафе”. Локалот располага со капацитет од 200 седишта, италијански мебел и опрема. Ќе понудиме уникатен амбиент, добра забава, одбрана музика, врвна услуга и пристапни цени за македонски стандард, вели Јасна Стојаноска, задолжена за односи со јавноста.

Стојаноска најавува одлични вечерни забави со Ди-џеи и познати музички имиња од македонската сцена.

-Во срцето на вечниот Охрид, кај скаличките до Т.Ц. Амам дојдете и бидете дел од “ИТ кафе”. Охрид е еден, а “ИТ кафе” е единствено, порачува Стојаноска.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged