(ФОТО+ВИДЕО) Со спектакуларен гала концерт на Ванеса Меј отворено 59-тото издание на „Охридско лето“

Култура

Вистински спектакл. Вака може да се нарече синоќешниот настап на светски популарната Ванеса Меј, со кој свечено беше отворено 59-тото издание на најзначајната културно – сценска манифестација во Македонија, „Охридско лето“.

На Античкиот театар во Охрид, се бараше место плус, а публиката беше воодушевена од гала концертот на Меј.

Меѓу присутните на концертот беа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител на фестивалот.

„Охридско лето“ завршува на 20 Август.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged