(ФОТО) Колозова, Беличанец и Јоци удрија по власта и Георгиески после изјавата на Адеми во однос на дивоградбите во Охрид

Охрид

Изјавата на министерот без ресор Едмонд Адеми, дека дивоградбите во Охрид можат да се избројат на прстите на двете раце, предизвика остри реакции во јавноста.

На изјавата на Адеми реагираа и Катерина Колозова и Тито Беличанец кои важат за едни од најревносните поддржувачи на власта на СДСМ и Зоран Заев. Во нивните реакции не е одминат ниту градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Колозова во својот статус на фејсбук ќе напише:

„Ајде бе, ви дадоа листа од 1000. Не се занесувајте дека ќе ги надитрите. Има организации кои ќе следат и известуваат – нема никого да смотате овој пат, УНЕСКО ќе знае, Брисел ќе знае. Фаќајте тоа багерот со време оти февруари е тука, и све по ред, прво тие на прсти што ги броиш оти се најмегаломански. Исто, СТАЦИОНАР ви треба во Охрид за да не се брукате на Охридско лето пред Ванеса Мае – а тој со фацата на криминалец да донира за плати за ветеринари таму, 48 плати за двајца ветеринари, само тоа ќе го искупи – делумно. Опнале џамиите и црквите, демек побожни, а ваму души ништат. Јаз’к примитивци.“

Професорот Тито Беличанец пак, побара апс за функционерите на ДУИ и оставка од градоначалникот Константин Георгиески.

Од друга страна, новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на Адеми му порача дека доста им беше играње држава.

-Не, не, маци, на прсти се бројат месеците кога СДСМ ќе се востоличи во вечна опозиција и ќе си вриштите од десна страна на собраниски клупи до недоглед, напиша Јоци на Фејсбук.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged