(ФОТО) Граѓаните не се задоволни од работата на градоначалникот Константин Георгиески

Охрид

Граѓаните на Охрид не се задоволни од работата на градоначалникот Константин Георгиески, покажа анкетата која интернет порталот ОХРИД 24 ја спроведе на својата фејсбук страница. Високи 77% од граѓаните се изјасниле дека не се задоволни од неговата работа, додека 23% се изјасниле дека се задоволни.

Покрај преку гласање, дел од граѓаните решиле своето незадоволство да го изразат и преку коментари на поставената анкета на фејсбук.

Досегашното владеење на градоначалникот Константин Георгиески беше обележано со неколку скандали. Имено Георгиески остана индиферентен по прашањето за дивоградбите во Охрид пред се оние на неговиот коалициски партнер Нефи Усеини. Исто така Георгиески скрати огромни парични средства од буџетот на Општина Охрид кои беа наменети за капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живеење на охриѓани. Жестоки реакции во јавноста предизвика и неговата одлука да го корегира Новак Ѓоковиќ за името на нашата земја. Ѓоковиќ нашата земја ја нарече само Македонија, по што Георгиески следејќи го примерот на неговиот шеф Зоран Заев, побрза да го исправи Ѓоковиќ дека нашата земја е Северна Македонија.

На Константин Георгиески му остануваат уште нешто повеќе од година и пол мандат, дали во наредниот период ќе го поправи имиџот останува да видиме, засега ваквиот старт не му дава големи шанси.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged