(ФОТО) Во екот на летната сезона во Струга никогаш не било позагадено и позатрупано со ѓубре

Регион

Центарот на Струга и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, надалеку се шири непријатна миризба.

На ваквата состојба реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга. Во нивната реакција се вели:

„Добро се сеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана. И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот! Е па, почитувани господа од власта, ова не е европска Струга, а уште помалку европска Македонија. Европска Струга треба да биде чиста и средена и за време на летната сезона, но и преку целата година! Го повикуваме директорот на ЈП Комунално, Иван Клечкароски, да направи увид и да види, во каква состојба е градот. И да го потсетиме дека треба да води евиденција за јавниот простор и неговото уредување, не само да се води како директор, а да не работи ништо! Струга веќе го допре дното! Од град на поезијата, СДСМ успеа да направи град на нечистотија! Ова не го заслужува никој од нас! Заслужуваме чист град, онака како што му доликува, со сите епитети и природни убавини кои го красат!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged