Конкурс за интернационалната поетска награда „Мостови на Струга“ 2019

Култура

Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО го распишаа конкурсот за интернационалната награда „Мостови на Струга“ 2019 за најдобра дебитантска книга од млад светски автор.

Наградата „Мостови на Струга“ е востановена во 2003 година како дел од интензивната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата 21 март, со цел и на овој начин да се поттикне, промовира и афирмира поетското творетво како еден од најзначајните творечки духовни изрази на човештвото. Секоја година СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Конкурсот трае до 01 март 2019, до кога сите ракописи треба да пристигнат на адресата на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според пропозиците.

Please follow and like us:
Tagged