Во НУЦК „Григор Прличев“ резултатите се катастрофални, иако власта на СДСМ промени дури тројца директори

Култура

Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ власта на СДСМ промени тројца директори, а резултатите се катастрофални, многу послаби за разлика од периодот кога со установата раководеше стручен и професионален кадар.

Само за спореба претходно беа одиграни преку 100 театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу 30 за време од две години. Овие податоци зборуваат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во институцијата.

Веќе подолго време очигледни беа политичките игри и пазарења при изборот на директор на оваа установа. Актуелен директор е Горан Симоновски, кадар на ЛДП, избран со политички пазар помеѓу СДСМ и коалиционата ЛДП.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged