Театарот во Охрид трпи поради претходните политички пазарења за директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

Култура

Театарот во Охрид трпи поради политичките пазарења за изборот на директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Очигледна е поставеноста по политички, а не професионални критериуми поради што е и отежнато управувањето со тетарот во Охрид, но и со целата институција воопшто.

Се поставува прашањето избран ли е актуелниот директор на НУЦК „Григор Прличев“ Горан Симоноски, кадар на ЛДП, коалиција со СДСМ, преку политички игри и пазарења. Според фактите најпрво беа поништени конкурсите за избор на директор на установата во 2018 година, па потоа со политички пазар помеѓу СДСМ и ЛДП објавен е нов конкурс, при што избран е актуелниот директор.

На тоа се додадава и фактот што претседателот на Управниот Одбор е Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, што е спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси, а одлуките под знак прашалник.

Претходно објавивме дека резултатите на установата се катастрофални затоа што се изведени околу 30 претстави за време од две години, што споредено со минатите години е недозволиво.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged