СДСМ и Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата

Охрид

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата. Од една страна зборуваа за пренатрупана администрација и реформи, а од друга страна секојдневно во јавните претпријатија се отворат огласи, се прават нови систематизации, се преземаат вработени.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Перчо Божиновски, кој го повика Георгиески да одговори дали процесот на вработувања се одвива според годишните програми и потреби на институциите?

-Дали за Георгиески важи флоскулата едно општество за сите ако институциите ги измениле своите акти за систематизација со единствена цел да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои им се однапред познати? За работните места се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници. Георгиески и СДСМ го чувствуваат незадоволството од граѓаните, па сакаат да ги задоволат незадоволните партиски послушници во последен момент пред новите избори. Не можете незадоволството кај граѓаните да го прикриете со земањето К-15, рече Божиновски.

Покрај тоа, како што напомена Божиновски, јавните претпријатија немаат донесено одлука на Совет за висина на бодот, а партиски подобните земаат повисока плата од останатите иако сите имаат ист степен на образование.

-Го повикуваме Управниот инспекторат да ги испита овие сознанија. Дали законот не важи само за партиските луѓе како Васко Паскали и Александар Кузески, па не се санкционира назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси? ВМРО-ДПМНЕ бара да се испита целата работа од страна на Државната комисија за спречување на корупција, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и надополна:

„Вака не се оди напред и кон подобрување на администрацијата туку напротив поради неодговорноста на оваа локална власт назадуваме во спроведувањето на европските стандарди. Локалната власт на СДСМ е симбол на партизирани институции, непотизам и лажни вести.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged