Власта во Охрид врши огромни притисоци врз вработените во општината, јавните претпријатија и државните институции за присуство на Мечкин камен

Охрид

Деновиве се вршат огромни притисоци врз вработените во општината, јавните претпријатија и државните институции.

На граѓаните од нивните партиски шефови со наредба преку списоци им е наложено да се потпишат за присуство на Мечкин Камен на 2 Август, а доколку не присуствуваат да ја наведат причината зошто нема да одат во Крушево.

Сето тоа се прави за да се прикаже наводна поддршка на ненародната власт на Зоран Заев за партиски цели се злоупотребуваат граѓаните.

Зошто кога СДСМ не се чувствува патриотска партија и не ги штити националните интереси сега со притисок поддржува концепт кој свесно го брише, а длабоко е врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

Позната е и добро се памети изјавата на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од 2013 година дадена за телевизија Алсат, во емисија која ја водеше нивниот сегашен член Мухамед Зекири, дека нив како партија не им доликува патриотизам.

Во врска со притисоците кои се вршат деновиве во Охрид со соопштение се огласија и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Оттаму ги повикуваат сите граѓани да не се плашат и да се охрабрат да ги пријавуваат сите притисоци што ги вршат СДСМ, општината, директорите и градоначалникот Константин Георгиески.

-Доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и Зоран Заев, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged