ВМРО-ДПМНЕ Струга: Рамиз Мерко и СДСМ тотално ја изгубија контролата

Регион

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на неспособноста на институциите, повторно бевме сведоци на немил настан во водите на Охридското Езеро, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

-На Машка плажа во Струга, глисер удри во човек и според првичните информации, тој се здобил со тешки повреди и префрлен е на клиниките во Скопје. Плажите не се безбедни ни за нашите сограѓани, ниту пак, за гостите, од дивеењето на глисерите и скутерите на вода низ езерото. Наместо градоначалникот на град Струга, господинот Рамиз Мерко, да побара одговорност од надлежните институции, да се воспостави ред на плажите во Струга, тој за негов личен интерес, сакаше да ги забрани педалинките. Нефункционалноста на сите институции во Струга, ја преживуваме секојдневно, истакнуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

Според нив хаосот кулминира денес во струшката општина, со спречување на вработените да влезат во зградата на општина Струга со цел да си ги вршат своите работни задачи од страна на непознато лице кое им се заканувало со физички напад.

-Ова е веќе аларамнатно! Како да живееме на див запад! Без никаков ред и контрола над случувањата. Затоа бараме градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко и министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, како и надлежните институции да ги расчистат овие случаи и да се спроведат соодветни мерки, се со цел заштита на нашите сограѓани, а секако и на туристите кои го посетуваат нашиот град! Рамиз Мерко и СДСМ тотално ја изгубија контролата, секако заслепени од самоволието и среброљубието, нагласуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged