Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Илинден

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката упатува искрени честитки до сите граѓани.

Во честитката се вели:

„Илинден е симбол на непокорот и борбата за слободна и независна Татковина, Република Македонија. Аманетот од Илинденците и Асномците, а наша цел е да ги чуваме и негуваме придобивките од двата Илиндена, двата столба – Крушево 1903 и АСНОМ 1944. Не смееме да ја заборавиме храброста и решителноста на нашите предци. Големиот ден – Илинден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата за зачувување на Татковината и нејзиниот напредок. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечен Охрид и нека е вечна Република Македонија!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged