Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески станаа експерти за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри

Охрид

СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа едно Општество за сите, ама само на зборови затоа што тоа спроведено на дело значи само за лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Перчо Божиновски, кој посочи дека во МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ се вработуваат општи работници кои експресно стануваат раководители.

Важи ли законот за директорот Владимир Алексијоски? Дали Георгиески е свесен што му се случува во јавните претпријатија или пак свесно молчи за сите незаконски вработувања како и назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси, запраша Божиновски.

За ваквите незаконски работи, како што напомена Божиновски, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава до Управниот инспекторат, како и пријава за злоупотреба на службената должност и овластување на директорот Алексијоски.

Со Локалната власт на СДСМ и Георгиески владее хаос, а тоа е резултат на неработењето и незнаењето, заврши Божиновски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged