Настап на Некст тајм и Ѓоко Танески на финалето на турнирот во Велгошти

Спорт

Денеска, со почеток во 21 часот ќе започне финалната разврска на 16-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“.

Благодарение на спонзорите програмата за финалниот ден од 16-то издание на турнирот во мал фудбал кој се одржува во с.Велгошти по повод верскиот празник Св. Петка ќе биде збогатен со настапот на Ѓоко Танески и мега популарниот бенд Некст тајм.

Во мечот за третото место ќе се сретнат Сатеска и Мате Маркет, додека во натпреварот за титулата силите ќе ги одмерат АСП Пак и Хотел Престол.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged