32 години од „Вевчанскиот случај“

Регион

Пред 32 Вевчани беше нападнато од сопствената комунистичка власт! Неверојатно, нели? А сепак се случи…

До „Вевчанскиот случај“ од 1987 година дојде поради намерата на тогашната власт да ги каптира вевчанските извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а, всушност, сакаше водата да ја користи за елитната викенд населба Елен Камен, каде што се вилите на тогашните челници на власта. На тоа се спротивставија жителите на Вевчани со поставување на барикади и не дозволија да се постават водоводните цевки. Кулминираше на 7 август 1987 кога интервенираа специјални полициски сили, за првпат во тогашна Југославија, со употреба на „електрични пендреци“!

Во тоа време на едноумие, за прв пат на просторите на поранешна Југославија една мала заедница, храбро се спротивстави на централизмот и слепото спроведување на наметнати решенија по вертикала.

Вевчанци и покажаа на тогашна Југославија дека решенијата повеќе не може да се спроведуваат на сила и дека мора да се почитува волјата на народот во локалните заедници.

Да не се повтори, ама и да не се заборави!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged