ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните сега веќе јавно се потврдуваат

Охрид

Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните за кои укажувавме претходно сега веќе јавно се потврдуваат, истакнаа денеска преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во соопштението се вели:

„Во медиумите веќе се појавија потпишани документи кои исто така беа потврдени и од општинската говорница на вчерашната седница.

Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија?

Како Тунтев ќе го објасни барањето во договорот на Коалицијата „Заедно за Охрид“ до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија?

Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Тунтев и советникот Усеини знаат дека за вакво дело сносат кривична одговорност?

Тунтев и Усеини треба да се засрамат поради политички договор во замена на гласовите на етничките заедници.

Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар.

СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged