(ВИДЕО+ФОТО) Амазон ли е, Охрид ли е? Комуналец каде ли е?

Охрид

Доколку гледајќи го ова видео помисливте дека е снимано некаде низ амазонските прашуми, погрешивте бидејќи ова е во Охрид, односно во населбата Црногорци, по течението на реката Сушица.

Поради неажурноста и неработењето на ЈП „Охридски комуналец“, слободно можеме да кажеме дека и Охрид отсега си има своја прашума.

Неискосена висока трева, неуредена зелена површина, ова е сликата која секојдневно ја гледаат жителите од оваа населба, кои реагираа до нашата редакција.

На делови бујната вегетација достигнува висина од две метри и го има прекриено цело речно корито.

Граѓаните се плашат дека поради несредената и запуштена зелена површина може да се појават и змии. Тие бараат локалната власт и јавното претпријатие Охридски комуналец во најскоро време да го расчистат просторот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged