Каде завршија парите од „Луј Витон“ чантите?

Македонија

Четири дена по обелоденувањето на видео и аудио снимките на кои се гледа како Бојан Јоановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичевски земаат 1,5 милион евра од Орце Камчев, институциите во државата уште немаат одговор каде завршија парите кои Боки 13 и Зоки Кичевски ги изнесуваат од домот на Камчев во чантите „Луј Витон“.

Италијанскиот новинар кој ги објави снимките рече дека има видео материјал од движењето на џи-пи-ес апаратите кои биле поставени во чантата „Луј Витон“, кои според свиркачи кои ги виделе материјалите, уредите за следење покажувале дека чантите завршиле токму во Владата на Македонија.

За тоа каде завршиле парите од чантите говореше и Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Николоски посочува дека тоа може да се утврди преку следење на телефоните преку базните станици.

-Тоа обвинителството не го прави затоа што јасно е дека овде е намерата е да одговараат ситните риби и да се заташка се останато. Затоа што темелна истрага нема во овие месец дена, може ќе дознаеме после неколку месеци дека некој интервенирал и во телекомите за да се избришат овие податоци, но да се дознаеше тоа првиот ден тогаш ќе имавме релевантен одговор на вашето прашање, вели Николоски.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека Обвинителството треба да одговори каде завршила Луј Витон чантата, кој се е вмешан во бесрамното криминално рекетирање и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребија довербата на граѓаните.

-Време е Катица Јанева да се врати од сончање по грчките плажи, да ја погледне македонската јавност во очи, која толку ревносно и транспарентно ја известуваше за случаите и истрагите кои ги злоупотребуваше и конечно да ја каже вистината, се наведува во соопштението на опозициската партија.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged