Листата на должници кон државата уште еден доказ за катастрофалното менаџирање на јавните претпријатија во Охрид

Охрид

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.08/2019 за долгови доспеани до 30.04.2019 и неплатени до 31.07.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.8/2019 објавени се 2.013 должници – правни лица (повеќе за 89 од претходната листа) и 2.509 физички лица (повеќе за 627 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.8/2019 изнесува 9.855.487.876 денари, повеќе за 1.170.910.216 денари од претходната листа.

Во оваа срамна листа свое место си најде и ЈП „Билјанини Извори“, кое се наоѓа на 71 позиција. Долгот на ова претпријатие кон државата изнесува речиси 23 милиони денари, поточно 22.997.656 денари. Доколку се разгледаат претходните извештаи може да се забележи дека долгот наместо да се намалува тој расти.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged