Охридски комуналец во 2018 потрошил 230.000 денари за репрезентација – Четири пати повеќе отколку во 2017

Охрид

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски неколкукратно ги зголемиле своите расходи за репрезентација. Од 57 илјади денари во 2017 година, на 230 илјади денари во 2018, пренесува Слободен печат по основ на добиени информации од јавен карактер.

Под „Расходи за репрезентација“ не секогаш се подразбираат само трошоците направени по хотелите и рестораните, туку и трошоци за рекламен материјал, календари, пенкала, визит карти, но сепак трошоците во рестораните се најголеми во оваа ставка.

И додека трошоците за репрезентација се зголемени за четири пати повеќе отколку во 2017 година, јавната хигиена во градот е на многу ниско ниво. Диви депонии има на секој чекор, контејнерите во центарот на градот се преполни со ѓубре.

Претходно како што објавија медиумите и директорот на ЈП „Водовод“ направил големи трошоци за репрезентација кои достигнуваа до еден милион денари.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged