Јованоска не му вршела притисок за гласање на работникот кој го објави разговорот, туку само решила да го испочитува на месинџер

Охрид

Директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска која е во центарот на скандалот со уценувања и притисоци врз вработени во претпријатието да излезат и да гласаат на вонредните локални избори во Охрид за кандидатот на СДСМ, во изјава за дел од медиумите вели дека таа не го уценувала поранешниот работник да излезе на гласање, туку тој и се понудил дека ќе збира гласови, дека ќе гласа за СДСМ , на што таа воопшто не реагирала бурно, туку само решила да го испочитува на неговиот месинџер. 

Во друга изјава дадена за Охрид прес Јованоска вели дека разговорот е изваден од контекст, и дека всушност таа не го уценувала работникот, туку тој ја уценувал и рекетирал за да не го објави разговорот.

Засега нема реакција од првот човек на Општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, дали ќе побара оставка од директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да стане градоначалник?

Останува надлежните органи да го испитаат случајот бидејќи има сериозни прекршувања на изборниот законик.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged