ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска

Охрид

Изборна матрица на СДС се поткупот, заканите и уцените кои на денот на изборите деновиве јавно се потврдија и за жал се реалност, истакна претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев, на денешната прес конференција во врска со големиот скандал на директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска која со уцени и притисоци врз вработените бара тие да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ.

Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен!”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните Претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Дали ова се правдата и мирот ветувани од СДС пред да дојдат на власт? Дали СДС ги добила вонредните локални избори во Охрид преку притисоци и закани врз вработените во Јавни Претпријатија? Зошто градоначалникот Константин Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори, праша Донев.

Според него доколку имаше барем малку доблест директорката Јованоска веднаш ќе си поднесеше оставка.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска. Јавното обвинителство и надлежните органи да соберат храброст да се ослободат од притисоците и да го истражат случајот во кој има сериозни прекршувања на изборниот законик. Траги во системите од кои се праќани пораките постојат, сведоци на притисоците и уцените има. Бараме итна, неодложна и транспарентна истрага со видливи резултати, нагласи Донев.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged