(ФОТО) По Сонцето од Кутлеш, Владата се откажа од Александар Македонски и други споменици

Македонија

Започна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Кутлеш од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа на кој се обврза македонската влада.

-Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија, на плоштадот и парк Ибни Пајко и таму пишува: „Во чест на Олимпија, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“.

Името на спомениците останува исто, но се истакнува дека станува збор за историска фигура од античката хеленска историја. Вакви споменици има во неколку градови во земјава.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

Започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини. Впечатливо е дека тоа се менува и на шахтите во главниот град.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged