(ФОТО) Таблата кој беше поставена на Воинот на коњ, каде пишува дека припаѓа на хеленската историја не издржа ни еден ден

Македонија

Таблата којашто вчера беше поставена на споменикот Воин на коњ, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, е одлепена, пишува Нетпрес.

Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ“, „Олимпија“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.

На таблата што беше поставена вчера на споменикот „Воин на коњ“, пишува: „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.

извор: Нетпрес

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged