Охриѓаните Божидар Димитиревиќ и Давид Велковски го исполнија и последниот критериум за учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство во Бугарија

Спорт

Божидар Димитиревиќ и Давид Велковски го исполнија и последниот критетиум за учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство кое ќе се одржи во Пловдив –Бугарија од 24-30 август 2019.

Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, после седум годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство. Покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири, тие успешно положија и за црн појас I дан, кој беше последниот критериум.

-Имавме прилика да уживаме во текот на полагањето, при што двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светското првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага (кршење штици), специјални техники (кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана , физичка спремност, форми (борба со замислен противник), спаринг (борби со опрема со полн контакт), теорија. Истотака двајцата ќе имаат уште еднаш испит пред светското првенство пред Гранд Мастер Ким Унг Чол црн појас IX дан и пред другите Мастери од цел свет, изјави Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател на Македонската ИТФ.

Лазаревски додава дека е 100 % сигурен во нивната спремност за повторниот испит, бидејќи наместо на плажа Димитриевиќ и Велковски цело лето го поминале во спортската сала, припремајќи се за Светското првенство.

Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” повторно имаме прилика да учествуваме на Светско првенство и да дадеме се од себе да ја претставиме нашата држава во најдобро светло. Ова е прв натпревар од ваков калибар на двајцата наши натпреварувачи, а конкуренцијата кај двајцата е огромна, истакна Лазаревски.

Давид Велковски се натпреварува во форми јуниори за црн појас I дан и борби -69 кг. јуниори 16-17 години, додека Божидар Димитриевиќ се натпреварува во форми јуниори за црн појас I дан и борби +70 кг. јуниори 14-15 години. На двајцата ќе им требаат по 5-6 победи за медал, па се надеваме дека нема да ги совлада тремата и ќе дадат се од себе да не израдуваат со добар пласман.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged