Стружани и туристите на овие пеколни температури оставени без вода за пиење

Регион

За жал, проблемите на стружани не само што не стивнуваат, туку се’ повеќе се продлабочуваат. Освен што граѓаните на Струга и туристите кои што го посетуваат овој туристички центар за време на летната сезона, се дават во ѓубре и смрдеа, тие се соочени со уште пострашен проблем, а тоа е немањето вода, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Тие во дописот испратен до медиумите посочуваат дека во текот на летото, и оваа година, како и неколку претходни, луѓето се оставени на милост и немилост од страна на МЈП ,,Проаква”, и покрај секојдневните нивни поплаки, молби и жалби.

Понатака во дописот се вели:

„Почитуван градоначалнику и почитуван директоре на МЈП ,,Проаква”.
Зарем Вам не Ви пречи тоа што цел град ги преживува овие пеколни температури без вода? Зарем Вие не сте дел од овој град и дали вака треба да изгледа нашата преубава Струга во 21 век. Нели ветувавте подобар живот?
Ова ли е подобар живот и вака ли ќе одиме кон Европа, без вода за основни егзистенцијални потреби? Би сакале да Ве потсетиме дека Вие сте тука за да ги решавате проблемите на граѓаните, а не да ги создавате! Оваа состојба е веќе алармантна и неиздржлива и токму затоа поголема група граѓани од повеќе реони на општина Струга ви најавуваат тужби. Упатуваме апел до надлежното претпријатие МЈП ,,Проаква”, како и до градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, што поскоро и сериозно да се зафатат со работа и да го решат овој горчлив проблем на граѓаните затоа што тие секојдневно, со натчовечки сили се борат со години наназад со оваа тешка состојба. Доколку не сте способни и не можете да го решите овој алармантен проблем, напуштете ги вашите удобни фотелји и отстапете ги функциите на некој што може да се справи со овие проблеми.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged