МВР Билтен:Кражба во Охрид, тепачка и починат работник во Струга

Охрид Регион

Охрид и Струга доминираат во денешниот полициски билтен. Во Охрид нова кражба. Закани, тепачка и починат работник во Струга.

На 02.02.2019 година околу 03.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека тројца непознати сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа во село Ново Село и одзеле околу 12.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.02.2019 година околу 09.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил Џ.А.(49) од Струга и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот. 

На 02.02.2019 година околу 00.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека пред интернет клуб на улица „Маршал Тито“, Н.С.(25) од Струга бил физички нападнат од повеќе лица. На Н.С. му била укажана помош во Медицинскиот центар Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. 

На 01.02.2019 година во Полициската станица Струга е приведен А.А.(39) од село Франгово, струшко затоа што упатувал закани по животот на 45-годишна жена од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged