(ФОТО) Градскиот полигон во Охрид нем споменик на едни добри времиња

Охрид

Некогаш убаво уреден спортски терен на кој спортуваа генерации охридски спортисти и сите граѓани сега не остана буквално ништо и претставува срам за сите. Полигонот за мали спортови во центарот на Охрид, нем споменик на едни добри времиња.

Од негогаш место каде сите охриѓани без разлика на возраста, доаѓаа да спортуваат, да се рекреираат или да другаруваат, денеска просторот е заграден со бетонски плочи, служи како паркинг, доста често тука никнува и депонија со отпад, а во ноќните часови и собиралиште на наркозависници.

Општина Охрид која стопанисуваше со Полигонот за мали спортови го компензираше овој простор заради долговите ког ГП „Гранит“ заедно со уште неколку други објекти, што значи дека просторот сега е во негова сопственост.

На просторот на некогашниот Полигон за мали спортови беше предвидена изградба на Конгресен центар, за што имаше и идејно решение кое беше промовирано пред повеќе од десет години.  Сепак и по толку години се уште нема најава за уредување на овој простор.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged