Колку дивоградби решија Владата и Општина Охрид, после два месеци од рокот на УНЕСКО?

Охрид

Поминаа скоро два месеци откако УНЕСКО им даде рок на Владата и Општина Охрид до февруари 2020 година да се справат со дивоградбите, а видливи резултати нема.

Во меѓувреме беше изработен регистар на дивоградби, при што беше соопштено дека во Охрид има 1076 дивоградби од кои 409 во заштитеното подрачје.

Сепак и покрај ваквиот податок, градоначалникот Константин Георгиески рече дека објектите кои треба да се урнат се бројат на прстите на двете раце.

Од друга страна советникот Нефи Усеини чии градби се меѓу спорните и чија фирма беше пријавена на тендерот за рушење дивоградби, изјави дека бројот на нелегално изградени објекти во Охрид е многу поголем.

Пред извесно време од Општина Охрид соопштија дека избрана е фирма за рушење.

Рокот истекува, но срушени дивоградби нема. На ова реагираше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Да прашам? Од вкупно 1076 дивоградби во Охрид, од кој 409 во заштитено подрачје…. Колку до сега, после скоро два месеци од рокот на УНЕСКО, владата и Општина Охрид ги решија?“ – напиша Димовски на Твитер.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged