Фатена криминална група која продавала дрога во Струга, Охрид, Битола, Велес и Тетово

Македонија

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во МВР, во соработка со СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции, сузби криминална група која се занимавала со набавка и продажба на марихуана во Струга, Охрид, Битола, Велес и Тетово. Во повеќе координирани акции досега од слобода се лишени 10 лица државјани на РСМ и при претресите се запленети околу 20 килограми марихуана, други опојни дроги, седум возила и еден мотоцикл.

Во текот на истрагата било утврдено дека групата била предводена од Л.Г. (25) од Струга, кој бил задолжен за набавка, организирање на транспорт и дистрибуција до уличните дилери заради понатамошна препродажба и М.Д. (23) од Струга, кој дрогата ја криел во викенд куќа во с. Горна Белица, каде таа била пакувана и доставувана на Л.Г. за понатамошна продажба.

На почетокот на август 2019 година на регионалниот пат Ресен – Битола извршен бил преглед во патничко возило „мазда“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (38) од Велес и биле пронајдени околу 4,5 килограми марихуана, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени уште 2,5 килограми марихуана.

Исто така, во рамки на спроведеното истражување на подрачјето на Охрид, од слобода се лишени лицата Л.Г. (34) и А.В. (38), двајцата од Скопје. При претрес во апартман во населба Лагадин, каде што привремено престојувале и во патнички возила „опел вектра“ и „фолксваген пасат“, биле пронајдени и одземени околу три килограми марихуана. На средината на август на влезот на Битола, при преглед на патничко возило „мицубиши“ управувано од З.К. (32) од Битола, била пронајдена и одземена марихуана, за што била поднесена соодветна пријава. При крајот на август од слобода се лишени Н.М. (52) и Г.М. (26), двајцата од Тетово, бидејќи при преглед на патничко возило „БМВ“ на регионален пат с.Фалише и с. Сараќино биле пронајдени и одземени околу 10 килограми марихуана. Сите овие лица дрогата ја набавувале од Л.Г. и М.Д.

Исто така, на 04.09.2019 извршени се претреси на повеќе локации во Охрид и Струга кај членови на криминалната група. Во Охрид се извршени претреси на две локации, кај П.К. (34) и Р.Т. (29), при што била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Струга извршени се претреси на дом и други простории на пет локации и тоа кај лицата Л.Г. и М.Д., при што биле пронајдени и одземени две дигитални ваги, патни торби со остатоци од марихуана, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол „Чешка Зброевка“, една рамка и 16 куршуми, патничко возило „фиат пунто“ и мотоцикл „трува“.

Сите четворица биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес и во дом и други простории кај лицето М.М.(32) во Струга поради сомнение за инволвираност во недозволена трговија со дрога. Притоа, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња исполнети со непозната течност, за што по извршено вештачење дополнително ќе биде поднесена кривична пријава против лицето М.М.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged