(ФОТО) Директорката на ЈП „Билјанини извори“ повторно погрешно паркирана

Охрид

Дали директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска, има проблем со паркирањето?

Ова прашање се поставува откако повторно беше погрешно паркирана и ги имаше блокирани останатите автомобили.

Претходно директорката беше паркирана на место за инвалидизирани лица.

Освен по паркирањето, директорката во овој период е во центарот на вниманието поради големиот скандал поврзан со вонредните локални избори во Охрид, а тоа е вршење притисок врз вработените да гласаат за актуелниот градоначалник Константин Георгиески. За овој случај сѐ уште нема реакција ниту од градоначалникот, ниту од надлежните институции.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged