СДСМ и Владата удрија по образованието: Со Ребалансот се кратат средствата

Македонија

СДСМ и Владата на Заев повторно удрија по образованието откако скратените средства со Ребалансот на Буџетот во образованието изнесуваат 844 милиони денари, велат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– 147 милиони денари се кратат од основното образование;
– 67 милиони денари се кратат од средното образование; 

327 милиони денари се кратат од високото образование:
– 42 милиони денари помалку за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
– 16 милиони денари помалку за Универзитетот за информатички технологии во Охрид;
– 12 милиони денари помалку за Универзитетот во Тетово
– 8 милиони денари помалку Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип;
– 157 милиони денари помалку за Универзитет „Мајка Тереза“;
– 112 милиони денари помалку за изградба на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултет за физичка култура; 

45 милиони денари се кратат од наука; 

221 милион денари помалку за Инвестиции во образованието:
– 70 милиони денари помалку за изградба на основни училишта;
– 20 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на средни училишта;
– 6 милиони денари помалку за изградба на спортски сали во основните училишта;
– 25 милиони денари помалку за реконструкција на ученички домови;
– 100 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на студентски домови;
– 0 денари за најдобри основни и средни училишта, се кратат средствата. 

18 милиони денари помалку за Бирото за развој на образованието:
– 10 милиони денари помалку за развој и подготовка на наставни програми
– 5 милиони денари помалку за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основно и средно образование
– 3 милиони денари помалку развој и подготовка за наставни програми за средно стручно и постредно образование 

Со програмата „План за Живот“ да Ве потсетиме ветувавте:
Европска иднина и живот;
Најдобрите училишта и наставници ќе бидат јавно наградувани;
Вработените во најдобрите 5% основни и 10% средни училишта, ќе добиваат 20% поголема плата во текот на наредните 12 месеци;
Уште во првата година од мандатот, буџетот за наука ќе го зголемите за 50%;
Во Скопје, на две локации, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградите студентски град, и уште многу многу нереализирани ветувања. 

Дали европско образование е тоа во кое се скрати од изградба на основни и средни училишта или изградбата на спортски сали?
Дали грижата за најмладите е кратење средства за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови?
Дали европски стандради се да се скрати во професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основното и средно образование?
Ништо од европски принципи за европско образование!, стои на Фејсбук страницaта на Комисијата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged