(ВИДЕО) Полициска бруталност на фудбалски натпревар во село Волино, Дебрца: Навивачите апсени затоа што скандирале „Никогаш Северна, само Македонија“

Охрид

Попладнево се приведени повеќе лица од село Волино, општина Дебрца.

Како што пренесува телевизија Алфа тие се однесени во полициска станица во Охрид затоа што на фудбалски натпревар помеѓу локалниот клуб Сатеска и Црно буки, скандирале против „преспанското“ име на земјата, а воедно и го истканувале знамето со сонцето од Кутлеш.

Од друга страна според МВР која го потврдува инцидентот, причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица.

Во моментов пред СВР Охрид има блокади, по приведувањето на жителите од Волино, а и ситуацијата е тензична.

Протести Волино, Дебрца

Протест во с. Волино, општина Дебрца. Полицијата уапсила половина од фудбалерите на Сатеска. Според сведоштва била брутална кон демонстрантите.

Posted by Батко Тане on Sunday, September 8, 2019

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged