МВР бара затворски казни за 9 жители на селото Волино во кое доминира сонцето од Кутлеш

Регион

Загрозување на безбедност на полициски службеници и спречување на службено лице во вршење службено дејствие се двете основи за кривичните пријави кои ги добиле вкупно 9 жители на селото Волино општина Дебрца, информираат нивни блиски по вчерашниот инцидент, пренесува Експрес.мк

Од СВР Охрид каде ја минаа ноќта приведените биле изведени пред судија каде што разбрале дека се гонат за кривични дел за кои е предвидена казна затвор.

Нивни соселани и роднини обвинуваат дека нивните блиски се жртви на политички и партиски реваншизам поради истакнување на знамиња со сонцето од Кутлеш и скандирања против највисоките државни раководители.

– Досега имало десетици ситни инциденти на фудбалски натпревари и во Волино и во сите други села каде што се игра фудбал но никогаш немало посериозни проблеми од ваков вид. Имавме неофицијални најави дека по 12 август откако беше донесена забрана за користење на ѕвездата од Кутлеш ќе имаме проблеми, но не верувавме дека може да дојде до ова, Македонец да удри по Македонец заради користење национален симбол, вели жител на Волино кој инсистира на анонимност.

Граѓаните на Волино се уште размислуваат како ќе одговорат на нападот врз нив, како што го оценуваат однесувањето на полицијата вчера.

извор: Експрес.мк

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged