Дали му се заканува истребување на пастрмката, белвицата и крапот?

Охрид

Што се случува во Охридското езеро? Дали оваа риба (сончарка) му се заканува со истребување на пастрмката, белвицата и крапот?

Загрижени спортски риболовци, кои ја испратија фотографијата до нашата редакција, кажуваат дека од ден на ден ситуацијата станува поалармантна.

– Овој вид на риба кој не е автохтон, ја има се повеќе и е вистинска закана за останатите риби, велат риболовците.

Редакцијата на ОХРИД 24 за овој проблем утре ќе побара и официјален став од надлежната институција, хидробиолошкиот завод.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged