СДСМ го уништува и културното наследство – нема пари за археолошките локалитети

Култура

Откако го закопавте историското наследство, ги грабнавте лопатите и почнавте да го копате гробот и за културното наследство! Македонскиот народ стана и повеќе од свесен дека воопшто не ве интересира ниту судбината, ниту иднината на Македонија! Тоа го докажавте со односот кон историјата, а денес го потврдувате и го запечатувате и со односот кон културата, се вели во известувањето на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кратејќи над 11 милиони денари на име Заштита на културното наследство, со еден потез ги уништувате генерациите пред нас, како и цели генерации кои доаѓаат после нас! Археолошките локалитети на кои кратите 2.500.000 денари, публикациите за најзначајните вредности на културното и природното наследство, како и археолошкиот катастар на кои им одземате 2 милиони, се најдрагоцените сегменти од нашето културно наследство, сегменти кои со одговорна влада би ја зголемувале вредноста до непроценливост со текот на годините, посочуваат од комисијата за култура.

Понатаму, додаваат од комисијата, со кратењето на 2.500.000 денари за туристичка промоција на културното наследство истовремено го оштетувате и туризмот, затоа што има милиони и милиони луѓе кои истражуваат, проучуваат и патуваат токму за да се запознаат со културното наследство на еден богат народ како нашиот. Ако не сте знаеле, светот токму преку промоција на културното наследство привлекува милиони туристи и со тоа обезбедува огромни приливи од средства во општинските буџети и државите!

– Над 67те милиони помалку за одржување на објектите и опремата во областа на културата сведочат за вашата апсолутна негрижа кон минатото, исто како и кон иднината на оваа земја, затоа што вложувањето во културата во исто време значи и вложување во иднината на поединците и на општеството во целина. Фактот што на Античкиот тетар Скупи му кратите над 18 милиони денари, на музејската дејност цели 50 милиони днари, за во исто време Албанскиот театар во Скопје да добие плус 50 милиони денари, е податок кој нема да го коментираме и ќе оставиме граѓаните да го оценат и судат, истакнуваат од комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму нагласуваат дека Владата која не го познава фактот дека културното наследство е необновлив ресурс кој мора да се зачува за генерациите кои доаѓаат, е во опасност да ја загрози иднината на своите граѓани и затоа таквата влада мора што побрзо да си замине!

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged