Следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

Македонија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија, во рамки на неколкудневната официјална посета на Брисел којашто ја реализираат заедно заедно со потпретседателот, Александар Николоски.

Владимир Ѓорчев во своето обраќање политичките колеги од ЕПП ги запознал со катастрофалните состојби во Македонија.

Ѓорчев го истакнал влошувањето на економската состојба во Македонија откако Заев е на власт.

– Владината корупција стана секојдневие во државата, се повеќе се гушат медиумските слободи, а пак политичкиот прогон е факт. Егзодусот од ден во ден се повеќе се зголемува, со еден збор земјата секојдневно назадува, рече Ѓорчев.

Тој информирал и за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите.

– ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев нагласил дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО- ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тогаш таа влада интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged