(ФОТО) Лицата со хендикеп повторно излажани од локалната власт во Охрид

Охрид

Додека власта на Зоран Заев на секој чекор ја довикува Европа, уверувајќи го народот дека го води кон истата таа Европа, самата власт се однесува недопирливо и над сите граѓани, велат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

– Го потсетуваме послушникот на Зоран Заев во Охрид – градоначалникот Константин Георгиески дека со планот за живот, а неодамна и лично даде ветување дека лицата со инвалидитет ќе бидат еднакви со останатите! Како рок за исполнување на ова ветување беше назначена 2018 година, во која општинската зграда и сите општински објекти ќе станеа достапни за овие лица, ќе се зголемеа паркинг местата за лицата со телесен инвалидитет, ќе имаше обележување и на посебните патеки кои сега се водат како патеки за велосипеди во централното градско подрачје, како и на Кеј Македонија…..затоа што нели СИТЕ СМЕ ИСТИ, нагласуваат од комисијата.

Оттаму додаваат дека изборите завршија, а заедно со нив заврши и грижата за оваа категорија граѓани!

– Некадарниот градоначалник не само што со прст не мрдна за решавање на овој проблем, туку за ситуацијата да биде уште полоша, си најде уште мал милион банални оправдувања за да го одбегне ветеното. Замислете најпвин немале шаблон за обележување на паркинг местата за лицата со хендикеп, потоа местата биле блокирани со возила, па празник било…за на крајот дури и да кажат дека немале сина боја, напоменуваат од партиската комисија за локална самоуправа.

Според комисијата, ова е тотална маргинализација и предизборна манипулација која не смее да се заборави!

– Нели е жално за Охрид кој претендира да се најде на светската туристичка мапа и да привлекува туристи од сите категории, да не им нуди услови за престој на лицата со хендикеп, кои можат да бидат дополнителна туристичка таргет група?! Работете нешто градоначалнику, мотивирајте ги и сместувачките капацитети да размислуваат во оваа насока. Има многу работа за тој што сака да работи, посочуваат од комисијата и надополнуваат:

„Крајниот и болен заклучок е дека сè додека СДСМ ја имаат власта во свои раце и сè додека крајно несовесни лица работат за власта, лицата со хендикеп полесно ќе ги совладаат животните, отколку општинските бариери!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged