Наспроти најавите на Заев, „бомбите“ за „Монструм“ не открија ништо конкретно

Македонија

Семејствата на свирепо убиените момчиња кај Смилковското езеро, грозоморен настан што се случи на 12 април 2012 година, не слушнаа ништо конкретно за ликвидацијата на момчињата, од разговорите кои денеска беа објавени во Судот. На денешното рочиште се објавуваа аудио материјали од т.н. бомби кои СДСМ ги предаде во Специјалното јавно обвинителство, за кои се најавуваше дека ќе ја откриеле вистината за „Монструм“, но наместо да се расчисти дилемата за крвавиот четврток јавноста слушаше што зборуваше поранешните функционери откако се случило петкратното убиство. Адвокатката на семејствата на убиените, Дафинка Ивановска, кажа дека во овие разговори немало ништо суштинско, иако во минатото бил најавуван бум.

-Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што најавуваа најавуваа, имаа бум нешто во нив. Меѓутоа за овие четири часа како што видовте и вие, не знам дали имаше таков бум, затоа што нешто суштинско нема во бомбите, изјави Ивановска.

Одбраната пак избегна да даде конкретен коментар околу разговорите кои беа објавени во судница за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

-Јас би почекал да ги слушнеме сите бомби, со оглед на тоа што и јавниот обвинител кажа дека се тоа во голем број, па дадеме соодветен коментар, изјави адвокатот Асмир Алиспаиќ.

Дали овие разговори ќе помогнат во овој случај не беше сигурна ниту обвинителката Фатиме Фетаи, која порача дека за тоа ќе мора да се почека до завршните зборови.

-Не можам да кажам ништо повеќе од она, значи слушнавте и самите кои се соговорници, времето кога се одвиваат разговорите, нивната содржина. Меѓутоа, анализа детална на сите докази, на сите поединечно и на сите во склоп на една целина ќе има кога ќе дадам свој завршен збор, во моментов не можам ништо повеќе да кажам, изјави Фетаи.

Во трагедијата која се случи кај Смилковското езеро пред речиси 7 и пол години, каде убиени беа четирите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45 годишниот рибар Борче Стевковски.

За „Монструм“ обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири, Сами Љута, како и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се недостапни за органите, бидејќи се во бегство.

извор: Алфа ТВ

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged