Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар, еден загинат

Црна хроника

На 18.09.2019 во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од охридското село Горно Лакочереј и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од струшкото село Велешта. Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Струга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged