(ФОТО) „Градежна мафија АД општина Охрид“, осамна пред влезот на општината

Охрид

По еден куп скандалите во Општина Охрид, револтирани граѓани поставија пароли со порака до градоначалникот Константин Георгиески.

Имено по скандалот со фирмата за рушење на дивоградбите во Охрид која е во сопственост на советникот на Охрид, Нефи Усеини, револтирани охриѓани на градоначалникот му порачаа дека општината на чие чело е тој е градежна мафија.

„Градежна мафија АД општина Охрид“, осамна пред влезот на општината вчера во доцните часови.

Ова според граѓаните е само потсетување на властите за уништувањето на градот и владеењето на самоволието на истите во изминатиот период.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged