Блесокот со СДСМ во образованието е тавани кои прокиснуваат и паѓаат и скратени инвестиции

Охрид

Учебната година со Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески започна без никакво инвестирање во образованието и создавање добри услови за работа за учениците и наставниците. Блесокот во образованието е тоа што дел од училниците во ОСУ „Свети Климент Охридски“ прокиснаа и се урна и дел од таванот, но за среќа нема повредени ученици, истакна советникот во Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.

– Дали ветувањата на градоначалникот Георгиески беа да се скратат 155.000 денари за санација на покривот во Гимназијата? Зарем советниците, просветни работници во Советот и пратеничката Жаклина Лазаревска како претседател на Комисијата за образование и наука не чувствуваат одговорност кон колегите и учениците во Гимназијата? Дали учениците и наставниците од основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во Лескајца и „Св. Наум Охридски“ во Пештани и Елшани ги изложувате секојдневно на опасност затоа што ги скративте средствата за промена на кровните конструкции? Дали при следните временски неприлики се оставаат учениците од училиштата во Коњско и Долно Лакочереј во небезбедни услови и опасност затоа што не е извршена санацијата на таваните и кровот, запраша Арнаудоски и надополна:

„Жителите на Коњско треба да знаат дека се скратени 510.000 денари за реконструкција на тавани и кров во училиштето, а жителите на Долно Лакочереј дека се скратени 1.500.000 денари за санација на тавани и кров на училиштето. Охриѓани треба да знаат дека нема никакво инвестирање во нашите млади. СДСМ и Георгиески ветувааа подобрување на инфраструктурата во училишта и инвестиции во образованието, но за жал нема ништо од тоа.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged