(ВИДЕО) Камионот го нема, нема ни рушење, а протестот откажан – Дали коалиционите партнери повторно се испазарија?

Охрид

Камионот кој го блокираше рушењето на куќата на улицата „Марко Нестороски“ денеска го нема. Но како што можеше да регистрира екипата на ОХРИД 24, нема ни работници да ја рушат куќата со која Општина Охрид ја започна акцијата за рушење на дивоградбите во градот.

Рушењето на оваа куќа предизвика бурни реакции во јавноста. Граѓаните во поголем број го осудија ваквиот потег на локалната власт, а советникот од ДУИ и коалиционен партнер на СДСМ, Нефи Усеини, најави и протест.

Сепак според последните информации најавениот протест е откажан.

Се поставува прашањето дали коалиционите партнери во Охрид, СДСМ и ДУИ, повторно се испазарија и ги ставија партиските интереси пред Охрид и охриѓани?

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged